Хроника 08. јули 2018. / 16:54

Локалната криминална мрежа е многу поголема од КПД „Струга“ досега приведени се 50 лица

Локалната криминална мрежа е многу поголема од КПД „Струга“ досега приведени се 50 лица

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека инспектори, полицајци, чувари во затворот, но и локални бизнисмени се замешани во добро органзираната кримининална група за продажба на дрога и оруижје, во Струга и струшкиот регион. Според нивните информации, замешани се повеќе од 50 луѓе , а меѓу нив има и функционери.

Од МВР велат дека не откриваат повеќе детали , бидејќи полициската акција се уште трае.

„Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во ПС Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки. МВР продолжува со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ке биде известено надлежното јавно обвинителств“ додаде портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.