Хроника 14. септември 2018. / 11:34

Лишени од слобода се две лица кои се барале за ,,убиство во обид”

Лишени од слобода се две лица кои се барале за ,,убиство во обид”

Полициски службеници од СВР Куманово вчера од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од с.Руница, општина Липково.

За С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.