Вчера околу 22 часот и 40 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Скопје во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари во делот на механичарската работилница на затворот паднал проектил од непознато огнено оружје, кој прво удрил во профил на настрешница, а потоа се заглавил во седиште од возило кое било оставено надвор од возилото, соопшти МВР.
Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.