Хроника 07. октомври 2018. / 22:58

Куманово: Непознат маж се обидел да силува девојка на улица

Куманово: Непознат маж се обидел да силува девојка на улица

Непознат маж ноќеска се обидел да силува 35-годишна жена во Куманово, соопштија денеска од СВР Куманово.

Инцидентот се случил во 03:50 часот на улицата „11 Ноември“. Напаѓачот не успеал во намерата и побегнал.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.