Хроника 02. ноември 2020. / 14:34

Кумановец приведен за издржување казна затвор

Кумановец приведен за издржување казна затвор

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.30 часот го привеле И.С.(49) од Куманово за издржување казна затвор за извршено кривично дело по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Од МВР денеска соопштија дека приведувањето е извршено по претходна судска наредба од Основен суд Куманово.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.