На 04.11.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во село Канарево, кумановско, Т.М.(72) од Куманово, при изведување земјоделски работи, бил прегазен од тракторот додека откачувал плугови од него, информира МВР.
Т.М починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.