Хроника 23. април 2019. / 15:16

Кумановец го избодел својот пријател со остар предмет

Кумановец го избодел својот пријател со остар предмет

Лице кое престојувало во зградата на поранешен хотел „Кристал“ во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.

Дваесет и седум годишниот У. З., кој привремено престојува во поранешен хотел „Кристал“, вчера во 18:50 часот пријавил во кумановската полиција дека кај него дошол 32-годишниот С.Т. од Куманово и по вербална расправија со остар предмет му нанел повреда на левата рака.

С.Т. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.