Хроника 16. октомври 2019. / 13:48

Кумановци го ограбиле татко си – парите им испаднале додека бегале

Кумановци го ограбиле татко си – парите им испаднале додека бегале

Кумановчани тргнале да го ограбуваат својот татко, му земале 13.000 евра, но при бегање им паднале во дворот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишниот И.С. и 17 годишен малолетник, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 22.09.2019 во куќата на нивниот татко Р.С.(65) на улицата „Драги Шутевски“ во Куманово, пријавените извршиле разбојништво и му одзеле 13.800 евра, кои при бегање им испаднале во дворот.