Хроника 06. септември 2019. / 14:43

Крвнички претепаниот доктор примен на скопските Клиники

Крвнички претепаниот доктор примен на скопските Клиники

Докторот кој крвнички бил претепан од пациент од Mала Речица на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово, бил примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје, пренесе Сител.

– Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди. – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој разговарал со претставници од МВР и се надева на брза разрешница на целиот случај.

Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.