Хроника 30. април 2018. / 11:31

Крвнички претепан градоначалникот на Чаир

Крвнички претепан градоначалникот на Чаир

Според неофицијални информации кои сакаат да останат анонимни во општината Чаир, градоначалникот Висар Ганиу бил претепан од банди од ДУИ  и разни фракции во оваа гранка блиски до Бекир Асани, барајќи од него да замолчи и да не даде никаква изјава за МВР, пренесува Куманова прес .

Порталот, цитирајќи информации од извор од општината Чаир, кој инсистирал на анонимност, пишува дека нетрпеливоста која долго време се забележува во рамките на структурите на ДУИ, особено во чаирскиот огранок, испливала на порвшина со тоа што група неидентификувани лица, припадници на една од фракциите во Чаир, го претепаа градоначалникот влечејќи го низ ходниците на општината зграда.

Според некои информации, кои доаѓаат од извори во рамките на структурите на ДУИ во Чаир, групата на Бекир Асани лично го истепала градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во рамки на општината. Неофицијалните информации, според порталот, велат дека се зборува дека ова го принудило Ганиу да се повлече и да поднесе оставка од позицијата градоначалник на Чаир.

Досега, ниту еден од чаирскиот огранок на ДУИ се нема изјаснето за овој настан.