Семејна расправија која прераснала во тепачка на скопската улица „391“ била пријавена во полиција во вечерните часови на 26 јануари.
Како што информираат од МВР, 15-годишен малолетник бил нападнат со дрвен предмет од страна на неговиот 50-годишен татко, по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал татко си и 22-годишната сестра, која се обидувала да ги раздели.
Повредените лица биле пренесени во градската болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.