Хроника 09. март 2019. / 17:40

Крвав инцидент на „Џон Кенеди“ – рането 24-годишно момче

Крвав инцидент на „Џон Кенеди“ – рането 24-годишно момче

Дваесет и четиригодишно лице, со иницијали К.С., синоќа било избодено на улицата„Џон Кенеди“ во Скопје.

На нападот претходела расправија со Љ.А. (25) од Скопје, кој бил заедно со уште едно лице и му нанел убодна рана на К.С., соопшти МВР.

Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.