Хроника 25. јули 2020. / 16:25

Крушевчанка починала по пад од тераса на семејната куќа

Крушевчанка починала по пад од тераса на семејната куќа

Во Полициската станица Крушево вчера околу 14:20 часот било пријавено дека на ул.„Нико Доага“ во Крушево од тераса на нејзината куќа паднала О.Х.(49) – лице со посебни потреби.

Таа била пренесена во ЈЗУ-Крушево, од каде по укажаната лекарска помош била префрлена во болницата во Прилеп каде починала.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот.