Полицијата поднесе кривични пријави против двајца тетовски дилери на дрога, информираше МВР. Станува збор за Р.А.(31) од Тетово и за Љ.Ц.(35) од село Мала Речица. Двајцата се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Според полицијата, на 15.12.2018 година на улица Љуботенска во Тетово бил извршен претрес во куќата на Љ.Ц., при што биле пронајдени кокаин, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од кокаин.
На 23.07.2018 година, пак, во угостителски објект на улица Киро Ристески Дрнц во Тетово полициски службеници извршиле преглед над Р.А. при што пронашле и одзеле кокаин.