Хроника 21. април 2020. / 18:15

Кривични пријави за уште 23 лица за настанот во Ченто

Кривични пријави за уште 23 лица за настанот во Ченто

МВР информира дека освен трите лица кои првично беа приведени за настаните во Ченто, од 13 април и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица.

Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство, соопштија од МВР.

Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.