Хроника 13. октомври 2020. / 15:00

Кривична за вработен во МВР кој издал одобрување за возачки за три лица кои немале положено испит

Кривична за вработен во МВР кој издал одобрување за возачки за три лица кои немале положено испит

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.Ј., помлад референт за управни работи – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот во периодот од март до мај 2020 година, во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.

Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.