Хроника 07. август 2018. / 14:45

Кривична за тројца охриѓани – ограбиле магацин

Кривична за тројца охриѓани – ограбиле магацин

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.

Пријавените во периодот од април до јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се стекнале со противправна имотна корист од 326.000 денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.