СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Р. (33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.
Во периодот од ноември 2017 година до јануари 2018 година пријавениот одзел едно моторно возило „Мерцедес“ и три возила „БМВ“.
Тој користел прилика и ги одземал возилата кога сопствениците ги паркирале и ги оставале незаклучени со клучевите на брава.
На тој начин пријавениот предизвикал материјална штета од околу 1.786.400 денари.