СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.В.(43) од Скопје и правното лице „Ман Импортер Македонија“ ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување или уништување деловни книги”.
Пријавените со печат и потпис завериле и поднеле акт до Бирото за метрологија од 04.01.2017 година со невистинита содржина, во кој потврдиле дека на четири автобуси со ЕУРО 2 стандард биле вградени партикуларни филтри и катализатори и дека биле извршени мерења спроведени по ESC тест циклус во согласност со UNERCE R49.3 со кое се докажува дека возилата имаат емисија на издувни гасови Еуро 4.
На тој начин овозможиле возилата на незаконски начин да бидат регистрирани во Република Македонија и да се пуштат во сообраќај.