Хроника 17. декември 2019. / 11:19

Кривична за скопјанец кој затаил данок од 13 милиони денари

Кривична за скопјанец кој затаил данок од 13 милиони денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при скопската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 28-годишeн скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување на речиси 13 милиони денари.

Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26 февруари минатата година, со цел да избегне делумно плаќање данок на добивка, во задолжителната пријава за деловната 2017 година, која до УЈП ја доставил во име на правното лице, внел и дал невистинити сметководствени податоци.

-Тој пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари. На тој начин, неосновано и противзаконски, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари – информираат од МВР.

За износот што не го пријавил како даночна основа, не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари и за таа сума го оштетил државниот буџет.