Хроника 18. јануари 2019. / 16:08

Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук им се заканувал на пратеници

Кривична за скопјанец кој преку Фејсбук им се заканувал на пратеници

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Ова не е прв случај на полицијата за сомнежи за закани преку социјалните мрежи. Во изминатата недела кривични добија уште еден скопјанец и еден прилепчанец.

Од МВР истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Се повикуваат и граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].