Хроника 26. април 2018. / 22:23

Кривична за штипјанец за продажба на дрога

Кривична за штипјанец за продажба на дрога

Пријавениот во текот на овој месец од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана која ја однел во својот дом во Штип и ја препакувал во повеќе најлонски пакувања.

Полицијата до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријавa против Б.М.(34) од Штип,поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.Пријавениот во текот на овој месец од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана која ја однел во својот дом во Штип и ја препакувал во повеќе најлонски пакувања.

На 25.04.2018 година по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина на наркотична дрога марихуана и по обезбедена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен бил претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени околу 700 грама наркотична дрога марихуана пакувана во неколку најлонски ќеси, како и 48 таблети екстази и околу 10 грама амфетамин.