СВР Куманово поднесе кривични пријави против С.Е. (32) и против С.С. (43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Запуштање и малтретирање на дете”.
Пријавените како родители ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување на нивните малолетни деца овозможувајќи им да се оддалечуваат од дома и да питачат на повеќе локации во Куманово и Скопје.