Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Имено пријавениот кривичното дело го извршил во временскиот период од 22/23.06.2018 година во комплексот на поранешната фабрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40м2 парапет-тавански алуминиумски профили. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Д.О. се стекнал со противправна имотна корист во износ од 120.000 денари.