Хроника 26. октомври 2018. / 15:01

Кривична за директор и вработен во „Комуналец“ кои трошеле службени пари точејки гориво во приватни возила

Кривична за директор и вработен во „Комуналец“ кои трошеле службени пари точејки гориво во приватни возила

Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против 35-годишниот А.Д. и 47-годишниот С.А. од истиот град за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, во период од 30. ноември 2016 до 07. ноември 2017 година второпријавениот, вработен во ЈКП „Комуналец“ Свети Николе, со овластување од првопријавениот, кој бил директор на претпријатието, и покрај тоа што знаел дека службените возила не биле во возна состојба, издавал картички за купување на гориво за тие возилa. На овој начин било купувано гориво за возила кои не биле сопственост на претпријатието.

Директорот и покрај тоа што бил запознат за состојбата на возилата, ги одобрувал фактурите за набавено гориво. Со ова, пријавените предизвикале штета од 679.342 денари (околу 11.000 евра) на Буџетот на ЈКП „Комуналец“.