Хроника 29. август 2018. / 16:25

Кривична за битолчанка – запалила автомобил со непозната течност

Кривична за битолчанка – запалила автомобил со непозната течност

Секторот за внатрешни работи Битола поденсе кривична пријава против Т.Н.М. (54) од Битола, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 18 мај годинава во Битола на улица „21-ва“, пријавената поради нерасчистени имотно-правни односи со С.Р. (74), предизвикала пожар на неговотo патничко возило, на начин што го скршила стаклото и со употреба на непозната течност го запалила возилото.