Хроника 01. јули 2020. / 15:15

Кривична против скопјанец пукал и ранил мотоциклист во движење по претходна расправија

Кривична против скопјанец пукал и ранил мотоциклист во движење по претходна расправија

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 03.06.2020 околу 05.45 часот во Скопје, на ул.„Струмичка“, при настаната вербална расправија, пријавениот со пиштол испукал проектили кон К.Т., кој управувал моторцикл, нанесувајќи му повреди во пределот на потколеницата.