Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“, „кражба на дрва“ и „измама“.
Во периодот од декември 2017 до 12.05.2018 година во атарот на селото Церово-гостиварско од шума во сопственост на РМ извршил бесправна сеча на 71 дабово стебло со вкупна дрвна маса од 17,3 м3, додека од парцела сопственост на Л.Б. (70) од Гостивар, извршил бесправна сеча на 14 дабови стебла со вкупна дрвна маса 7,70 м3.
Потоа, бесправно исечената дрвна маса, пријавениот ја транспортирал до купувачи, при што на 12.05.2018 година во село Долна Бањица во дворот од куќата на С.Б.(66), од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени 6м3 дабово дрво, кои истиот ги купил од пријавениот.
На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 261.955 денари, при што ги оштетил ЈП „Македонски шуми” за 159.930 денари, Л.Б. за 80.500 денари и С.Б. за 21.525 денари.