Хроника 08. ноември 2019. / 19:23

Кривична пријава за струмичанец кој запалил возило

Кривична пријава за струмичанец кој запалил возило
Илустрација

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ј.(26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, соошти денес МВР.

Струмичанецот во вторникот на ул.„Панче Пешев“ во Струмица, со употреба на запалка и хартија, предизвикал пожар во патничко возило „рено лагуна“, сопственост на Б.С., кое било паркирано пред домот на сопственикот.

Истиот ден К.Ј. бил лишен од слобода и приведен во ПС Струмица.