Хроника 13. мај 2020. / 16:20

Кривична пријава за скопјанецот што до смрт ја претепа невенчаната сопруга

Кривична пријава за скопјанецот што до смрт ја претепа невенчаната сопруга

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, информира МВР.

„На 10.05.2020 околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К. и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала. После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание“, се наведува во соопштението на полицијата.

Обдукцијата покажала нешто друго, по што Ф.Р. бил приведен во полициска станица.