Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16 годишен малолетник од Скопје поради сомневање за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.
На 10 април во училишниот двор од средно училиште од Скопје, по претходна вербална расправија со негов врсник Ф.Р., пријавениот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот.