Хроника 19. мај 2018. / 23:18

Кривична пријава за двајца Гостиварци кои препродавале марихуана

Кривична пријава за двајца Гостиварци кои препродавале марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М.(29) и А.Х.(34) од Гостивар поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 18 мај годинава лицата се приведени, откако кај нив е пронајдена марихуана. Во неколку наврати претходно пријавените вршеле препродажба на опојна дрога „марихуана“ на лица на подрачјето на Гостивар.