Хроника 03. септември 2020. / 18:00

Кривична пријава против струмички дилер на кокаин

Кривична пријава против струмички дилер на кокаин

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот струмичанец С.К. поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

На втори февруари годинава на струмичката улица „Благој Јанков Мучето“ полициски службеници извршиле преглед кај Љ.Б. од Струмица и кај него пронашле кокаин, кој според неговиот исказ го купил од пријавениот 37-годишник.