Хроника 30. август 2018. / 10:20

Кривична пријава против Г.М.(50) во Кривогаштани за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.М.(50) во Кривогаштани за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 24.07.2017 година во Кривогаштани, од страна на полициски службеници, при контрола на товарно возило “МАН”, сопственост на пријавениот, од кое се растоварале дабови огревни дрва, било констатирано дека истиот не поседувал соодветна лиценца за превоз од Министерството за транспорт и врски на РМ.