Хроника 16. септември 2018. / 12:24

Кривична пријава против 79-годишен дебарчанец, со тврд предмет го удрил својот брат по глава

Кривична пријава против 79-годишен дебарчанец, со тврд предмет го удрил својот брат  по глава

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против З.Ј.(79) од село Издеглавје, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда”.

На 28.08.2018 година, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Р.Ј.(81) од истото село и со тврд предмет го удрил по главата. По нападот Р.Ј. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.