Хроника 15. март 2021. / 16:33

Кривична пријава против 74-годишна жителка на Радожда за нелегална изградба на викендица

Кривична пријава против 74-годишна жителка на Радожда за нелегална изградба на викендица

Надлежните инспекциски служби донеле решение за отстранување викенд куќа во Радожда, што била изградена нелегално.

Осомничена за кривичното дело „бесправно градење“ е 74-годишна жителка Љ.Н од ова село на која ОВР Струга и поднесе кривична пријава.

Како што информираат од МВР, Љ.Н. во текот на минатата година, како инвеститор, на катастарската парцела во селото, без соодветна документација, изградила викенд куќа.

-Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба, стои во дневниот Билтен на МВР.