Хроника 04. април 2018. / 14:25

Кражба во катната гаража „Тодор Александров”

Кражба во катната гаража „Тодор Александров”

ЈП „Градски паркинг – Скопје” пријавиле во полиција дека била извршена кражба во катната гаража „Тодор Александров”. Украдени биле 30 рачки за тешка пена и триесет главни приклучоци за хидрантско црево.

Крадецот, според МВР, откако влегол во гаражата се упатил на вториот и седмиот кат од гаражата, дошол до хидрантските шкафчиња, каде со употреба на погоден предмет ги отворил и одзел наведените работи по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 750.000 денари. Се работи на расчистување на случајот.