Хроника 16. ноември 2018. / 13:52

Кражба на бензиска во Скопје – крадците го однеле целиот дневен промет

Кражба на бензиска во Скопје – крадците го однеле целиот дневен промет

Разбојништво во Скопје, ограбена бензинска пумпа. Како што стои во билтенот на МВР, утринава во 02.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Методија Андонов Ченто“.

Сторителите со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет и побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.