Третото кривично дело „кражба“ го извршил во продавница за мобилни телефони, каде искористувајќи го невниманито на вработените одзел еден мобилен телефон.
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(40) од Прешево-Република Србија, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „затајување“ и две кривични дела „кражба“ предвидени и казниви по член 239 и член 236 од Кривичниот законик.
Пријавениот трите кривични дела ги извршил во текот на јуни годинава а предмет на кривично дело биле мобилни телефони при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 72.262 денари.
Две од кривичните дела („затајување“ и „кражба“) пријавениот ги извршил на ист начин во два угостителски објекти, каде искористувајќи ја љубезноста на оштетените, под изговор дека батеријата од телефонот му е испразнета, а треба итно да се јави, од истите, во едниот случај затаил, а во другиот случај одзел вкупно два мобилни телефони.
Третото кривично дело „кражба“ го извршил во продавница за мобилни телефони, каде искористувајќи го невниманито на вработените одзел еден мобилен телефон.