Хроника 18. декември 2020. / 11:05

Крадец од Крива Паланка приведен – Ограбил куќа во Илинден

Крадец од Крива Паланка приведен – Ограбил куќа во Илинден

Поради сомнение за извршена „тешка кражба” во куќа во населбата Илинден, од слобода бил лишен дваесет и едногодишниот Н.В. од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било приведено во текот на вчерашниот ен за дело кое го сторил минатиот месец.

– Н.В. е приведен во полициска станица, со него беше извршен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од Министерството.