Двајца разбојници ограбиле куќа на нашинец во Италија, додека во куќата бил неговиот брат и неговото семејство.
Синоќа во 03.45 часот во Полициското одделение Чашка, Џ.И.(51) од с.Сливник пријавил дека во периодот од 03.00 до 03.30 часот во куќа на неговиот брат К.М.(57), кој моментално е во Италија, во с.Сливник две лица извршиле разбојничка кражба. Според пријавеното, преку прозорец влегле внатре и со закана со пиштол и тврд предмет од Ф.К., Ш.К., Х.К. и К.М., ќерки на К.М., одзеле златен накит и часовник, по што побегнале, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.