Хроника 17. јуни 2020. / 22:00

Крадци глумат агенти на осигурителна компанија и оперираат во Скопје

Крадци глумат агенти на осигурителна компанија и оперираат во Скопје

Во ек на пандемија од коронавирус, кога контактите на граѓаните се сведени на минумум, посебно со непознати, сосема „случајно“, доколку добиете телефонски повик од машко лице кое се јавува од наводна осигуритилена компанија и ве убедува да ве посети дома за да ви даде неверојатна понуда, добро размислете дали ќе одговорите на неговата понуда, пренесе Слободен печат.

Веќе подолг временски период бандата оперира во главниот град, а потекнува од Прилеп или околните места. Тие го знаат идентитетот на жртвите и мобилениот број и им се јавуваат од број за кој нема податоци за сопственикот.

Откако тој што се јавува ќе го каже вашето име следува реченицата – „Се јавувам од осигурителна компанија. Би сакал да ве посетам и да ви дадам добра понуда за животно и станбено осигурување“.

Соговорниците од полицијата за Слободен печат велат дека оваа група, зад себе има серија од кражби во општините Центар и Аеродром.

Истражителите веруваат дека можеби станува збор за иста или за „мутирана“ прилепска банда која стана позната во светот на скопското подземје која за жал во краток временски период ограби дваесетина станови од една зграда на улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје, но и во други население места.

Целиот текст на следниот ЛИНК.