Хроника 02. февруари 2021. / 12:29

Косовски државјанин уапсен при обид за кражба од банкомат

Косовски државјанин уапсен при обид за кражба од банкомат

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека денеска е приведен косовски државјанин кој бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат.

– Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул. „11 Октомври“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во непосредна близина на местото било пронајдено и патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.