Хроника 15. август 2018. / 22:20

Користејки „ВИБЕР“ со лажна слика на полицаец, криминалец упатувал закани

Користејки „ВИБЕР“ со лажна слика на полицаец, криминалец упатувал закани

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Чаир полицаец пријавил дека во текот на изминатите неколку денови непознато лице користело негова слика на социјалната мрежа „Вибер“.

Користејќи ги ваквите лажни податоци, лицето контактирало со други корисници и им се заканувало.

Како што информираат од МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.