Најмалку тројца приведени досега од полициската акција во Крушопек, Сарај, за заплена на 1,3 тони кокаин, јавуваат медиумите од земјава и регионот за полициската акција што синоќа се одвиваше во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани.
Повеќе детали за синоќешната акција денеска ќе даде министерот за внратрешни работи, Наќе Чулев, на највената прес-конференција во 12:30 во МВР, а подоцна и од страна на ОЈО.
По насока на јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка, приведени се возачите на камионите и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица. Увозник на бананите во нашата држава е компанијата „Банекс“ од Крушопек.
Во операцијата, започната пред три месеци, според извори од МВР, освен македонската се вклучени и италијанската и црногорската полиција, како и американската ДЕА.
Камионот со кокаин во Скадар беше пречекан со „почести” и бил испратен до Поградец, објави на својот профил на Фејсбук познатиот новинар од Албанија, Артан Хоџа.
– Камионот со 1,3 тони кокаин со „почести” беше пречекан од царината на Хани и Хотит во Скадар и беше испратена со „почит” до царината во Ќафасан – Поградец, за потоа да бидат уапсени двајца возачи и еден магационер во едно село во Северна Македонија, пишува новинарот Хоџа, коментирајќи ја најновата акција на македонската полиција во село Крушопек.
Најмалку тројца приведени досега од полициската акција во Крушопек, Сарај, за заплена на 1,3 тони кокаин, објави новинарката на албанскиот „Топ ченел“, Анила Хоџа, која ексклузивно обезбеди фотографија од камионот со кој се превезувале банани, а влегол во Црна Гора, за потоа да премине преку царинската испостава Ќафасан за Македонија.
Во оваа добро организирана акција, објави „Топ ченел“, италијанската и албанската полиција биле информирани за товарот, а во полициската акција во Крушопек, учествувала и албанската управа против организираниот криминал.
– Првите информации велат дека кокаинот првично дошол од САД во Бар (Црна Гора), а требало да пристигне во Копер (Словенија). Од засега непознати причини, дестинацијата е сменета и кокаинот завршил во Крушопек. „Топ Чанел“ дознава дека кога влегол во Албанија, полицијата набљудувала, доколку кокаинот би се растоварил во Албанија. Камионот бил со македонски регистарски таблички, додека во Албанија не запрел, објави овој медиум.
Информацијата за полициската акција синоќа ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „МВР во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.
-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата, напиша Чулев и повеќе информации најави за денеска.