Хроника 31. октомври 2019. / 13:33

Ќе му ја укинат социјалната пензија, бидејќи добил 439 денари во обложувалница

Ќе му ја укинат социјалната пензија, бидејќи добил 439 денари во обложувалница

Илаз Малиќи од селото Черкезе ризикува да ја изгуби социјалната пензија затоа што добил 439 денари во обложувалвица. Во центарот за социјална работа во Куманово му било кажано дека му се ризикува пензијата бидејќи гореспоменатите приходи ги имал на неговата банкарска сметка. Илаз за новинската агенција ИНА изјави дека државата не ги гони оние кои украле милиони, туку ги загрозува социјалните случаи, нас кои се бориме да преживееме и да обезбедиме парче леб.

Тој наведува и други случаи кога неговите пријатели добиле подароци од телефонски компании и биле принудени да ги вратат парите. (ИНА)