Четириесет и осумгодишен кичевец на својот фејсбук-профил објавувал текстови и фотографии со вознемирувачка, навредлива и заканувачка содржина, со што поттикнувал омраза и насилство.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.