Зоран Милевски Кичеец се уште не се појавиl во затворот „Скопје”, иако упатниот акт му беше со датум 12 октомври, објави „Фокус“.
Осудениот поднел барање за одложување на извршувањето на казната, а судијата денеска ќе го разгледа, со што ќе излеземе со соопштение, велат од Кривичниот суд за „Фокус”.
Адвокатот на Кичеец, Александар Новакоски, за „Фокус” изјави дека тој не е во тек, бидејќи имал здравствени проблеми. Останува нејасно кој во името на Милевски го поднел барањето за одложување.
Милевски беше осуден во случајот „Рекет” на тригодишна затворска казна.