Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 686 прекршоци, соопшти МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.