Хроника 02. февруари 2021. / 16:30

Казнети 53 пешаци во Тетово и во Гостивар

Казнети 53 пешаци во Тетово и во Гостивар

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска од 8 до 12 часот, спроведена е акциска контрола за прекршоците шти ги прават пешаците во сообраќајот, односно дали и колку тие ги почитуваат важечките знаци, правила и прописи.

Како што соопшти МВР, во Тетово притоа биле констатирани 42 прекршоци, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци.

Во контролата реализирана денеска во Гостивар, пак, санкционирани се 11 пешаци, од кои шест кои не користеле тротоари и се движеле по коловоз и пет кои преминувале улица надвор од обележани пешачки премини. Санкционирани се и шест други видови прекршоци.